Уапсен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Уапсен возач на „голф“ кој го управувал возилото без дозвола. Уапсени се и неговите двајца малолетни сопатници, а во возилото било пронајдено и животно. 

Како што соопштија од МВР, вчера во 22:00 часот на локалниот пат кон село Камењане, полициски службеници од Полициското одделение Камењане запреле патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски таблички, управувано од А.Д.(19) од село Озормиште, кој не поседувал возачка дозвола.

- При преглед во багажникот на возилото е пронајдено повредено куче од расата „пит бул“, за кое лицата во возилото изјавиле дека е повредено при борба со кучиња во с.Камењане. Заедно со возачот, лишени се и двајца 17-годишни сопатници од с.Желино, известија од полицијата. 

Известен е ветеринарен инспектор и се преземаат мерки за соодветно лекување на животното и документирање на случајот, додека тие заедно со возилото се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.