Уапсен велешанец за насилство врз невенчаната сопруга

На 28.11.2021 год. во СВР Велес Р.С.(30) од Велес пријавила дека околу 12.00 часот во куќа на ул.„8-ма Велешка бригада“, каде живее со невенчаниот сопруг А.В.(30) по претходна расправија била физички нападната од него, информираат надлежните власти.

А.В. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.