Уапсен велешанец поради напад на поранешна вонбрачна партнерка

Полициски службеници од СВР Велес утринава, во 04:00 часот, го лишиле од слобода 28-годишниот велешанец П.Н. поради напад на поранешна партнерка.

-Тој, во 01.00 часот, синоќа по полноќ не ја почитувал судска забрана за приближување до живеалиштето на неговата поранешна вонбрачна партнерка и дошол во нејзиниот дом, а по кратка расправија физички ја нападнал, информира портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Појаснува дека П.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.