Уапсен велешанец кој го тепал своето малолетно дете

Во сабота вечер  во 19.30 часот од полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода 44 годишниот  Ф.Р. од Велес постапувајќи по претходна пријава дека околу 16.00 часот пријавениот во Велес му нанел повреда на неговиот малолетен син.

Како што информираат од СВР Велес по целосно документирање на случајот, во текот на денот ќе биде поднесен соодветен поднесок за  злоставнички настроениот и несовесен татко, а по  случајот ќе бидат вклучени и стручни лица од Центарот за социјална работа.