
Приведено е лицето кое ја прегази и ја усмрти 75-годишната жена Љ.Ј. на улицата Народен фронт во скопски Центар. Лицето е приведено во Врање, Србија, откри адвокатот Звонко Давидовиќ, ексклузивно во „Претрес со Ландов”.
18-годишникот Саит Саитов кој со возило тешко ја повредил жената, избегал од местото на несреќата, оставајќи ја беспомошна на коловозот, заедно со неговиот татко било пренесено преку граница од роднини.
„Лицето ќе биде екстрадирано од Србија во Македонија. Најверојатно е приведен и неговиот татко”, вели Давидовиќ кој е бранител на роднините кои ги пренеле таткото и синот преку граница.
Адвокатот посочи дека им верувал на неговите клиенти дека не знаеле дека превезуваат сторител на такво тешко кривично дело.
„Мажот работи во Дирекција за заштита и спасување и е родител на дете со посебни потреби и за набавка на суплементи често патувал во Србија”, рече во Претрес, адвокатот Давидовиќ.