Уапсен тинејџер во Куманово - еве што сѐ пронашла полицијата во неговиот дом!

Вчера полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.М.(18) од Куманово.

Од МВР информираат дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја, боксирачи и пиротехнички средства.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.