Уапсен тинејџер од Куманово - полицијата му пронашла дрога во домот

При претрес во Куманово, пронајдена била дрога и лишено од слобода било едно лице.

Како што информираат од МВР, вчера во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П. (19) од Куманово, затоа што при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, била пронајдена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.