
Педесет и едногодишен жител на тетовското село Раковец е лишен од слобода по пријава дека физички нападнал жена со која живеел во заеднички стан во Тетово.
Според информациите од полицијата, вчера, во 23:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А. (51).
Претходно, Р.А. (46) од Филипини, со привремен престој во Крушево, пријавила дека на 1 септември, по кратка расправија, Ш.А. физички ја нападнал во нивниот заеднички стан во Тетово и ѝ нанел телесна повреда.
Лицето е задржано во полициска станица, а по целосното документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.