
Во продажен објект во липковско пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства. Лишен од слобода бил сопственикот на објектот.
Како што информираат од МВР, вчера (05.01.2026) во 13:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.У. (41) од село Оризаре, липковско.
При преглед во неговиот продажен објект биле пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.