
Лишено е од слобода лицето кој вчеравечер во Скопје физички и со нож нападна жител на Сопиште.
Како што информираат од МВР, вчера (08.10.2025) во 22:05 часот на плоштад „Скендербег“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Д.С.(23) од Скопје.
Тој се сомничи дека непосредно пред тоа во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ и на бул.„Гоце Делчев“ под Стоковната куќа „Мост“ физички го нападнал Т.К.(33) од с.Долно Соње, општина Сопиште, при што употребил нож и му нанел убодни рани. Ножот бил пронајден и одземен, а лицето е задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.