Уапсен скопјанец за разбојништво со смртни последици во село Глуво

На скопјанецот З.П. (52), кој лани во ноември, со уште две лица извршиле разбојништво со смртни последици во скопското село Глуво, му е одредена мерка притвор.

МВР информира дека Единицата за внатрешни работи – Чаир при СВР Скопје, до скопското Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против  скопјанецот З.П. (52), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 5 од Кривичниот законик.

– Тој, со уште две лица, на 8 ноември 2021 година во скопското село Глуво, физички ги нападнале Ѓ.Ж. и В.Ж. во нивниот дом и извршиле разбојништво, по што, по неколку дена Ѓ.Ж. починал од здобиените повреди, информираат од МВР.

На 19 септември 2022, по наредба на јавен обвинител, полициски службеници од Единицата за насилен криминал извршиле претрес во домот на пријавениот, при што го пронашле и лишиле од слобода.

– На 20 септември 2022 година, З.П. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор, се додава во соопштението на МВР.