Уапсен скопјанец за двојното убиство во скопската чаршија

На 6 март годинава беа убиени Ј.К. и Е.И во Старата скопска чаршија од неколку лица. „Макфакс“ објави дека скопјанец бил уапсен за двојното убиство во „Шиша бар“, а според неофицијални извори тој се сомничи дека има поврзаност со автомобилот „ауди“ со кој избегаа убијците.

„Макфакс“ пишува дека ова е прво лице на кое Кривичен суд му одредил и притвор, а се поврзува со случајот, додека во меѓувреме се бараат останатите убијци.

Наскоро се очекуваат повеќе детали од Јавното обвинителство, а повеќе детали за случајот може да се прочитаат тука.