Уапсен скопјанец - украл бакарни кабли во вредност од 200.000 евра

Полицијата уапси скопјанец поради кражба на бакарни кабли во вредност од 200.000 евра. 

- На 10.02.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Центар, односно каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра. По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(68) од Скопје, вработен како обезбедување на објектот, известија од полицијата за случајот. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.