
Скопјанец „дивеел“ во домот вчера изутрината. Се заканувал и на својот 79-годишен татко.
- Вчера во 06:40 часот во Полициската станица Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Н.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал, со остар предмет оштетил дел од покуќнината и упатувал закани кон неговиот 79-годишен татко, информираа од МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.