Вчера во 17.00 часот полицијата го уапси 31-годишниот С.К. од с. Средно Коњари скопско.
Имено при претрес на неговото возило „бмв“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени: автоматска пушка, пиштол „Чешка зброевка“, еден карабин со оптички нишан и куршуми.
„По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“ велат од МВР.