Уапсен скопјанец, прво ја нападнал сопругата па ги нападнал полицајците дојдени по пријава

Вчера во 18.00 часот во Скопје, полицијата го уапси 53-годишниот Г.Р. од Скопје. Имено тој на подрачјето на Чаир физички ја нападнал 49-годишната сопруга, за веднаш потоа да ги нападне полицајците кои биле дојдени по пријава.

Од МВР посочуваат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против него.