Уапсен скопјанец при обид да украде паричник од едно лице кое се качувало во автобус

Скопјанец е уапсен при обид да украде паричник од едно лице кое се качувало во автобус. 

Денеска (30.08.2022) од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар околу 12.45 часот на бул.“11-ти Октомври“, на автобуската постојка на Зелен пазар, бил лишен од слобода С.И.(55) од Скопје при обид да одземе паричник од лице кое влегувало во автобус, информираа од МВР. 

Тој бил задржан во полициската станица Центар, известен е Јавен обвинител и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.