Уапсен скопјанец поради дрога

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, синоќа, во 19:30 часот го лишиле од слобода Б.Н.(25) од Скопје, откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана и дигитална вага.

Како што соопшти МВР, Б.Н. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.