Уапсен скопјанец - криумчарел мигранти

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода Ф.И.(38) од Скопје.

Како што соопшти МВР, при контрола во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени три лица мигранти, од кои две од Сирија и едно од Пакистан.

Лицата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против Ф.И. ќе следува соодветен поднесок.