
Вчера во 18:10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при Секторот за внатрешни работи Скопје, на подрачјето на Аеродром, со судска наредба го лишиле од слобода З.П.(43) од Скопје.
Од МВР информираа дека лицето се барало со судска наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од четири години, за кривично дело по член 131 од Кривичниот законик – „тешка телесна повреда“.
З.П. бил предаден во Полициската станица од општа надлежност Аеродром за понатамошна постапка.