Уапсен скопјанец кој ограбил жена додека се качувала во автобус

Притворен И.С.(56) од Скопје поради кражба на паричник од скопјанката М.М (38), при качување во автобус.

МВР информира дека вчера, околу 14.05 часот, на автобуска постојка на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР – Одделение за криминалистички работи Центар – Бит Пазар го лишиле од слобода скопјанецот И.С.(56).

-Тој бил фатен при извршување кражба, при што од М.М.(38) од Скопје, при качување во автобус одзел паричник со лични документи и пари. Одземеното било вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица, известуваат од МВР.

По насоки од јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, додека од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор.

-Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, соопштуваат од полицијата.