Уапсен скопјанец кај кого биле пронајдени запалка, најлонска вреќа со запалени кабли и други предмети

На 11.07.2025 во 16.10 часот на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(44) од Скопје, откако при преглед кај него биле пронајдени запалка, најлонска вреќа во која имало запалени кабли, метални и бакарни предмети, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.