Уапсен скопјанец и уште осум мигранти

Вчера во 20 часот и 30 минути на автопатот Гевгелија-Скопје, на мостот на „Зуичка река“, полициски службеници забележале патничко возило „Опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(43) од Скопје, како нагло застанува и од него излегуваат осум непознати лица, велат од МВР.

Нешто подоцна возилото било запрено, три километри  после клучката кај село Смоквица, а по пребарување на реонот биле пронајдени осум илегални мигранти од Авганистан, кои изјавиле дека се превезувале со возилото.

Тие биле приведени во Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин „Богородица“ за понатамошна постапка.

Исто така, возачот на возилото бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.