
Лишено лице од слобода од скопско Мирковци кој е фатен како одзема нафта од училиште.
Како што информираат од МВР, вчера (06.10.2025) во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија го лишиле од слобода А.Ш. (41) од Скопје.
Имено, А.Ш. бил затекнат во дворно место од основно училиште во с.Сандево, скопско како од резервоарот за нафта одзема нафта. Нафтата е вратена на одговорното лице од училиштето.
Извршен е увид и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.