Уапсен скопјанец баран со потерница

Денес, во Скопје приведено е едно лице за издржување казна затвор од една година.

Во 11.05 часот на улица „Злетовска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Д.(58) од с.Морани, скопско.

Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година, за сторено кривично дело по член 261 од Кривичниот законик. 

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.