Уапсен разбојник од Куманово кој се барал со потерница за затворска казна

Кумановската полиција уапси разбојник кој се барал со потерница за затворска казна. 

- Рано утрово, во 05.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа Ф.Ј.(42) од Куманово. Тој бил осуден на пет години затворска казна за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран со потерница за доиздржување на четири години и седум месеци од казната, инфомрираа од МВР. 

Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.