Уапсен прилепчанец кај кој е пронајдена голема количина на муниција и пиротехнички средства

При претрес во Прилеп пронајдени муниција и пиротехнички средства и лишено од слобода е едно лице.

Како што информираат од МВР, вчера (29.10.2025) полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.В.(40) од Прилеп.

Врз основа на судска наредба од Основен суд Прилеп, извршен бил претрес во домот и помошни простории во Прилеп, сопственост на П.В., при што пронајдени и одземени биле 13 боеви куршуми различен калибар, рамка за пиштол, помошна рамка за куршуми од пушка, 167 пиротехнички средства, 21 парче муниција за гасен пиштол, сигнален куршум, регулатор за гасови за сигнален пиштол, 12 испукани чаури, 64 различни монети и други предмети.

По документирање на настанот, против П.В. ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.