Полицијата од Крива Паланка го уапсила 47-годишниот Т.М. од Крива Паланка откако бил фатен како управува со „БМВ“ со дупло повисока брзина од дозволената на патот кон селото Гиновце.
Од Министерството за внатрешни работи, информираат дека возачот бил застанат во 11:30 часот, откако полициска патрола регистрирала дека се движел со 142 километри на час, на дел од патот каде максималната дозволена брзина е 70 километри на час.
„Возачот веднаш беше исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава за безобѕирно управување со моторно возило“, велат од МВР.
Против Т.М. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, кој се однесува на безобѕирно управување со моторно возило.