Уапсен охриѓанец откако со нож избодел 3 лица пред спортската сала во Охрид

Денес во 00:25 часот полицијата од Охрид уапси 20-годишно лице. Имено уапсеното лице се сомничи дека 1 час претходно во 23:30 часот пред спортската сала во Охрид со нож повредил три лица со убоди нанесени од нож и тоа едно лице на возраст од 25 години и две лица на возраст од 22 години.

Од СВР Охрид осомничениот го уапсиле на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, а бил принајден и моторот „бмв“ со кој истиот управувал. Од СВР Охрид известуваат дека се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.