Вистинска драма се одвивала во Охрид откако полицијата уапсила 33-годишен маж поради киднапирање на членовите на семејството на свој сограѓанин. За нивното ослободување морало да бидат платени пари. Од СВР Охрид посочуваат дека ќе биде поднесена кривична пријава.
„Вчера во 00:50 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, охридската полиција го уапсила 33-годишниот А.Д. од Охрид кој се сомничи за „грабнување“. Тој бил пријавен од Џ.Х.Д. (36) од Охрид, дека преку телефон побарал а, потоа и примил пари за ослободување на сопругата, малолетната ќерка и бабата на Џ.Х.Д“, велат од полицијата.
Од СВР-Охрид, по упатствата на јавниот обвинител, презема мерки за целосно расветлување на настанот, по што против А.Д. ќе биде поднесен соодветен извештај.