Уапсен Норвежанец кој влегол во кругот на касарната „Илинден“ - се правдал дека залутал следејќи координати на мапа

Вчера во 15:30 часот во касарна „Илинден“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Е.К.Т.(28) од Норвешка поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, тој бил задржан во Полициската станица Карпош, при што изјавил дека, следејќи координати на мапа, случајно влегол во кругот на касарната.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.