Уапсен наркодилерот Цуната, по филмското бегство од полициска станица и потерницата

Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров – Цуна вчеравечер е лишен од слобода во Скопје, потврдуваат од МВР. 

- На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка, соопштија утрово од полицијата. 

Лазаров ред неколку дена им избега на полицајците од полициската станица во Кочани преку прозорец, а во понеделникот МВР по него распиша меѓународна потерница.

Лазаров, кој на полицијата ѝ е познат од порано, бил во полициската станица вечерта во саботата откако го привеле заедно со двајца придружници, поради тоа што, неофицијално полицијата во автомобилот им нашла бела прашкаста материја.