Во саботата попладне полицијата уапси млад скопјанец бидејќи се заканил на вработени во угостителски објект.
- На 17.02.2024 во 01.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода В.М.(25) од Скопје затоа што на 16.02.2024 околу 23.50 часот пред и во угостителски објект на подрачје на општина Аеродром во Скопје агресивно се однесувал и со остар предмет се заканил на вработените, соопшти полицијата во дневниот билтен.
Од него бил одземен остриот предмет, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.