Вчера во 23.10 часот на локалниот пат кон с.Речица, кумановско, полицијата уапси 17-годишник од Виница откако во возилото кое го управувал му пронашле мигранти од Непал.
„При преглед во возило „фолксваген кеди“, кое претходно го управувал малолетникот, а на кое биле поставени две различни кумановски регистарски таблички, биле пронајдени девет лица мигранти од Непал. Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце, а против малолетникот, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во билтенот на МВР.