Уапсен малолетник кој крадел од стан

Полициски службеници од Полициската станица Чаир вчера лишиле од слобода малолетник од Скопје и расчистиле разбојништво и тешка кражба, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Во присуство на родител и адвокат сo него бил извршен разгвор и тој признал дека на 29.03.2022 во автобус на ЈСП со закана со остар предмет од друг малолетник одзел мобилен телефон и ранец. Телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот, се вели во соопштението на МВР.

Тој признал дека и на 25.03.2022 извршил кражба во стан на Ѓ.Н. и одзел пари, мобилен телефон и други предмети. Телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот.

По целосно документирање на случаите против малолетникот ќе бидат поднесени соодветни пријави