Уапсен малолетник кој крадел од Центар, а поседувал и нож

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во Шуто Оризари лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „разбојништво“.

Од МВР информираат дека приведениот синоќа во 20.50 часот од колонијал на подрачјето на Центар, со закана со нож кон вработената одзел пари од дневниот промет.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.