Уапсен малолетник баран за издржување затворска казна

Полицијата уапси малолетник кој се барал со потерница за издржување казна затвор за тешка кражба. 

На 16.06.2022 во 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода малолетик од село Просениково, струмичко, за кого била распишана потерница поради бегство од Воспитно-поправен дом Тетово.

Лицето било предадено во домот во Тетово за доиздржување на казна за сторени кривични дела „тешка кражба“.