
Лишено е лицето од Куманово кое подолго време следеше и вознемируваше девојка од Куманово.
Како што информираат од МВР, вчера (01.10.2025) во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.К.(32) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради постоење сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик, односно дека подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка од Куманово.
На 09.04.2025 во СВР Куманово, девојката го пријавила случајот, по што од страна на судија од Основен суд Куманово била изречена мерка претпазливост за недоближување. Додека, по преземени мерки, вчера тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го признал делото.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.