Уапсен кумановец кој ја нападнал сопругата

Кумановец физички ја нападнал сопругата во семејниот дом, соопшти денеска секторот за внатрешни работи Куманово.

Полициските службеници од СВР Куманово утрово во 02 : 45 часот, го лишиле од слобода И.П.(41) од кумановско село затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.

По целоснотo документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.