Уапсен кумановец - дома чувал дрога и крадел струја од ЕВН

Вчера во 09.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.П.(43) од Куманово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, дигитална вага и пари, додека екипа од ЕВН констатирала дека постои кражба на струја, соопштија од МВР. 

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.