Уапсен криумчар на мигранти, полицијата го фатила откако ги истоварил во близина на границата со Грција

Денес околу 01.00 часот по полноќ полицијата го уапсила 36-годишниот А.С. поради криумчарење на мигранти.

„Имено, претходно, по преземени мерки и добиени оперативни сознанија, на крстосница Богданци полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., при што бил пронајден ранец и траги од превоз на други лица. Набргу, по преземени мерки, помеѓу селата Стојаково и Богородица биле пронајдени осум лица мигранти од Непал, кои изјавиле дека биле превезувани во возилото и дека заборавиле ранец“, велат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.