Уапсен криумчар на мигранти од скопско - превозувал пет лица од Египет

Лишен од слобода криумчар на мигранти од скопско. Превозувал пет лица од Египет.

Како што информираат од МВР, вчера (08.12.2025) во 20:30 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен назор Богородица го лишиле од слобода Р.Р.(28) од с.Копаница, скопско.

При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.

Мигрантите се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.