Уапсен криумчар кој пренесувал мигранти од Индија

Полицијата приведе криумчар кој пренесувал мигранти од Индија, соопшти денеска СВР Куманово.

-Денеска во 11.15 часот полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции и странци Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Х.Х. (31) од Индија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“, соопшти СВР Куманово.

Околу 01.30 часот во село Речица, кумановско, биле пронајдени десет лица мигранти од Индија, а по извршениот службен разговор било утврдено дека Х.Х. илегално ги пренесувал мигрантите од Република Србија до Република Северна Македонија.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Лицата мигранти биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Табановце“.