Уапсен криминалец во Арачиново - требало да лежи 4 години затвор

33 годишник од скопско Арачиново бил лишен од слобода вчера околу 14 часот од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар при Бирото за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштуваат:

-За него била распишана централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од четири години и десет месеци за сторено кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Исто така, за него биле распишани и два централни расписи поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 288 и член 386 од Кривичниот законик - информираат од МВР.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.