Уапсен криминалец, кај него пронајдени вредни археолошки предмети

Службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство, вчера го привеле Б.Б. (39) од с. Висока маала, општина Василево поради незаконско присвојување археолошки предмети.

– По претходно добиени сознанија дека кај Б.Б. (39) од с. Висока маала, општина Василево, има археолошки предмети кои се предмет на кривично дело по чл. 265 од КЗ „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, во координација со полициски службеници од СВР Струмица е извршен преглед на патничко возило „опел вектра“ со струмички регистерски таблички, кое го управувал Б.Б. Притоа се пронајдени  276 монети, три врвови од копје, 10 прстени, како и други предмети кои претставуваат добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, соопшти МВР.

Б.Б. е приведен и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.