Вчера полициски службеници од СВР Велес уапсиле 33-годишен крадец откако претходно влегол во домот на 84-годишен велешанец и одзел повеќе предмети. Сите украдени работи му биле вратени на сопственикот
„Вчера во 20.00 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Велес го лишиле од слобода Е.А.(33) од Велес. Тој се сомничи дека од со употреба на сила и алат влегол во домот на 84 - годишен велешанец и одзел предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.А. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението на МВР.