Уапсен крадец во Тетово, крадел од зграда во изградба

Вчера во 11.35 часот на улица „146“ во Тетово, полицијата го уапсила 50-годишниот Р.Љ од Тетово поради сомнеж дека извршил кражба на 01.02.2025 од зграда во изградба во сопственост на 50-годишниот Ф.Е. од с.Милетино, тетовско, каде одзел повеќе предмети

„Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, се вели во полицискиот билтен.