
Лишен од слобода крадец од Велес, откако при претрес во неговиот дом пронајдени биле пари и предмети што ги украл.
Како што информираат од МВР, вчера (05.01.2026) во 17:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Љ.Ј. (36) од Велес, поради основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Велес.
По добиени оперативни сознанија, извршен е претрес во неговиот дом, со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени пари и предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршените кражби.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.