
Лишен од слобода крадец од Струмица за доиздржување на затворска казна.
Како што информираат од МВР, вчера (14.11.2025) во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Р.(28) од Струмица.
Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на 11 месеци од казната.
Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната, информираат од МВР.