Уапсен крадец од Струмица кој ограбил каса во продажен објект

Приведен крадец во Струмица кој украл пари од каса во продажен објект.

Како што информираат од МВР, вчера (15.09.2025) во 07:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.М.(46) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 03:30 часот во продажен објект на бул.„Маршал Тито“ во Струмица одзел пари од касата и го напуштил местото.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени предмети поврзани со извршеното дело.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.